Двајца нападнале угостител, па го искришиле и локалот - завршија зад решетки


На 25.01.2022 во 00.45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода И.Г.(23) и Р.В. (27), двајцата од Крива Паланка. Имено, на 24.01.2022 околу 23.30 часот во угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Крива Паланка, тие физички го нападнале Т.С.(32), вработен во угостителскиот објект и оштетиле дел од инвентарот.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

25.01.2022 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа