Двајца малолетници од тетовско украле автомобил

Во Тетово вчера во 09.30 часот на улица „Илинденска“ полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родителите и службено лице од Центарот за социјални работи Тетово, лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и од тетовско Копанце.

Двете лица, информираа денеска од МВР, половина час пред тоа на булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, одзеле патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки.

Возилото било вратено на сопственикот А.А.(35) од Тетово и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок. 

29.11.2022 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега