Двајца келнери во бифе во МВР заразени, служеле во кабинетите на заменик министерката и директорот на БЈБ

Двајца келнери кои работат во бифето на МВР се заразени од Ковид 19. Како што јавуваат повеќе медиуми, тие ги опслужувале канцелариите на заменик-министерката Славјанка Петровска, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и дел од советниците на министерот Наќе Чулев.

Петровска за Телма вели дека утрово дознала за ова и веднаш комуницирала со епидемиолози. Со еден од заразените последен контакт имала во вторникот, а со вториот во петокот. Средбата била минимална, носеле маски, и не ја служеле министерката туку двајцата гости кои биле кај неа и кои се известени.

Од кабинетот на Наќе Чулев, пак, велат дека тој немал контакт со келнерите бидејки не го опслужувале неговиот кабинет. Двајцата вработени тврделе дека претходно биле во контакт со советникот на Чулев кој излезе позитивен, доаѓал кај нив за да му варат чај. Се очекува анкетата да покаже дали некој треба да оди во изолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2020 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега