Двајца американски геј-војници претепани во Хрватска: „Буквално се боревме за живот“

Група од десетина лица нападнале двајца американски војници во саботата вечерта, станува збор за хомосексуалци, кои се забавувале во ноќен клуб во Задар, Хрватска.

Двајцата американски војници не криеле дека се хомосексуалци, а еден од нив го опишал нападот во видео, кое го објавил на својот инстаграм-профил.

Тој им порачал на сите дека не стигнува да одговори на пораките, но дека е добро. А за самиот инцидент, тој вели дека се бореле за живот.

„10-ина мажи нè нападнаа. Во еден момент, некој ме држеше, а тројца ме удираа. Ја изгубив свеста“, раскажал тој, пренесува порталот „Индекс“.

Задарската полиција соопшти дека настанот бил класифициран како прекршок.

„По пристигнувањето, полицајците откриле двајца државјани на САД на возраст од 24 и 25 години, кои биле повредени и пренесени во болница“, соопшти полицијата додавајќи дека во тек е истрага за инцидентот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега