Дваесет и три лица починале откако ја примиле Фајзер вакцината во Норвешка-Официјалните власти не изразуваат сериозна загриженост

Дваесет и три луѓе во Норвешка починале, неколку дена откако ја примиле првата доза на Фајзер вакцината против Ковид-19. За тринаесет од овие лица, од кои сите престојувале во дом за стари лица, очигледно е дека станува збор за нус-појави од вакцината, изјавуваат норвешките здравствени власти.

Реакциите на вакцината, како треска и гадење „можеби придонеле за смртоносен исход кај некои постари, изнемоштени пациенти“, изјави во петокот Сигурд Хортемо, главен лекар во Норвешката агенција за лекови.

Сите 13 биле пациенти во старечки дом и имале најмалку 80 години. Официјалните власти не изразуваат сериозна загриженост, но почнуваат да ги прилагодуваат упатствата за тоа кој треба да прими вакцина против коронавирусот.

„Ние не сме вознемирени од ова“, изјави Стеинар Мадсен, медицински директор во агенцијата.

„Сосема е јасно дека овие вакцини имаат многу мал ризик, со мал исклучок за пациентите со најкревко здравје. Лекарите сега мора внимателно да размислат кој треба да се вакцинира“, додаде тој. „Оние кои се многу изнемоштени треба да бидат вакцинирани по индивидуална проценка“.

Претставниците на вакцината „Фајзер“ изјавиле дека се „свесни за пријавените смртни случаи“ и дека работат со норвешката Медицинска агенција за да ги соберат сите релевантни податоци.

Повеќе од 30.000 луѓе во Норвешка ја примија првата доза на вакцината Фајзер или Модерна од крајот на минатиот месец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега