Два земјотреси во Албанија- епицентарот во близина на Драч

Два послаби земјотреси со јачина од 3,2 и 3,5 степени се регистрирани рано утринава во околината на Драч, Албанија.

Првиот земјотресот бил регистриран околу 4 часот наутро, додека другиот бил регистриран половина час подоцна. Епицентарот на двата земјотреси бил во морето.

Според пишувањата на локалните медиуми, иако земјотресите не биле силни, ги вознемириле жителите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега