Два ужасни настани ја потресоа Македонија: Силувани две деца, едното го снимале

Два ужасни настани ја потресоа Македонија оваа недела.

Во полициска станица во Скопје е пријавено дека малолетно девојче е физички и полово нападнато, според пријавеното, од нејзиниот биолошки татко.

За настанот е известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Исто така, неделава 44-годишниот З.К. од селото Кукуречани, пријавил дека пред неколку дена во селото врз неговиот син С.К. кој е лице со тешка интелектуална попреченост, била извршена обљуба од страна на лицето П.К. кое исто така било лице со тешка интелектуална попреченост, а тоа било снимено со мобилен телефон од страна на други лица.

Веднаш се преземени соодветни мерки и од слобода е лишен 19-годишниот А.Т. од селото Габалавци, кој е задржан во СВР Битола и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега