Два шумски пожари беснеат во Македонија

Два шумски пожари беснеат на територијата на Македонија.

Првиот е пријавен вчера околу 09:45 часот во Полициската станица Гостивар. Шеесет и пет годишниот С.П. од село Печково, гостиварско, пријавил шумски пожар над село Печково, кој зафатил негова приватна шума со костени околу 3.000 метри квадратни, како и дабова шума во сопственост на шумското стопанство- Гостивар. Се преземаат мерки за гаснење  на пожарот.

Истиот ден, попладнето околу 14:15 часот, вработен во Центарот за управување со кризи Струмица пријавил  дека над село Габрово на планината Беласица, има шумски пожар во кој гори букова и габерова шума. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

 

 

 

16.11.2018 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега