Два пожари во Велес: Пожарникарите спречиле трагедија

Пожарникари од Велес утрово изгаснале пожар на кров од куќа на улица „Димко Најдов“, кај Долни Дуќани, кој избил поради неисправен кабел. Пожарот бил пријавен во 7:32 часот утрово, а со брза интервенција на пожарникарите изгаснат во 9:10 часот.
Пожарникарите спречиле пожарот да се прошири на целата ќуќа, а  семејството навреме побегнало од опожарената куќа.

Тие денеска од 13:15 до 14:40 часот интервенирале и на пожар на импровизиран објект-штала на улицата „Богдан Каракостев“ бр. 195 во високиот лев дел од градот, каде живеат велешките Роми. Со интервениција на ТППЕ пожарот бил изгаснат и не било дозволено да се прошири на куќата и на околните трошни куќи.

Од почетокот на годинава ТППЕ од Велес интервенирала на повеќе пожари воглавно на запалени контејнери во градот кои гореле поради неизгасната пепел од жар исфрлан од несовесни граѓани од  домаќинставата, а имало и неколку запалени автомобили.

Тие пружале и помош при извлекување на настрадани од сообраќајки како што беше случај и вчеравечер кога ги извлекуваа настраданите од сообраќајката на свикот кај Горно Оризари на патот Извор – Велес кога при удар во дрво со автомобил „БМВ“ настрада четиричлено семејство од Горно Врановци, па тие мораа брзо да интервенираат.

Пожарникарите од ТППЕ Велес лани во Општина Велес интервенирале на 303 пожарри што е повеќе за 64 интервенции споредено со 2018 кога имале 239 пожари.

Лани имаше неколку шумски пожари во велешко, а беше и големиот шумски пожар над велешко езеро „Младост“ во кој изгореа 400 хектари од кои половината под борова шума. Имаше и неколку големи пожари на куќи. Лани две лице на возраст од 80 години изгореа, едното при пожар во куќа во старото градско маало Варналиите, а другото кај село Мартолци при палење на стрниште.

Во 2019 во Општина Чашка имало рекордно 39 пожари што е далеку за 37 повеќе од претходната 2018 кога имало само два пожари. Лани на територијата на Општина Чашка беснееја повеќе шумски пожари, а  во кои неповратно изгореа повеќе стотина хектари под квалитетна шума.

Во Општина Градско лани имало девет пожари како и во претходната 2018 година. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега