Два нови потреси во Албанија и еден во Грција- Земјотресите никако да престанат

Два нови земјотреси од 3,1 и 2,2 степени се регистрирани денеска во Албанија на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, кој ги следи сеизмолошките активности во Европа.

Посилен земјотрес се случил во 3:04 часот на длабочина од десет километри, а епицентарот бил на 32 километри северозападно од Тирана.

Вториот земјотрес е регистриран во 18:45 часот на длабочина од 14 километри, со епицентар на 22 километри од главниот град.

Нема информации за евентуална материјална штета или за повредени лица.

Посилен земјотрес имаше и во Грција во 7 часот и 22 минути со јачина од 3,9 степени по рихтер на 100 километри јужно од Каламата на длабочина од 50 километри.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега