„Два дена беше на апарати“ - Нови детали за состојбата на Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ два дена поминал на апарати на ВМА, но сега се чувствува малку подобро. Ова го изјави  советничката за медиуми на Вучиќ, Сузана Васиљевиќ која истакна дека српскиот претседател се почувствувал лошо и самиот побарал лекарска помош.

-На претседателот му беше толку лошо што сам бараше да го однесат, а тој е човек кој не признава никакви симптоми на болест. Самиот сфати дека нешто не е во ред, изјавила Васиљевиќ, додавајќи дека учиќ ќе почне да ги слуша луѓето кои се грижат за неговото здравје.

Инаку, Вучиќ беше примен на Воено-медицинската академија во Белград, откако нагло му се слошило по на разгледување на проектот „Белград на вода".

Тој вчера се заблагодари на сите за поддршката.

- „Им благодарам на докторите и персоналот на ВМА. Им благодарам на сите што се грижеа. Веќе од понеделник ќе бидам во полн работен погон“, напиша тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 08:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега