ДВ: Зошто во Германија храната е поевтина отколку во Македонија?

Македонија беа замрзнати цените на основните прехранбени производи. Колку е тоа делотворно и зошто Германија не го практикува? За да даде одговор „Дојче Веле“ направи споредба на цените на прехранбените производи во двете земји, при што испадна дека кај нас многу од нив се поскапи.
Цените во Германија  

Репортер на Дојче веле во вторникот посети маркет на Лидл во Бон, за да споредиме каква е цената на дел од основните производи во Германија- каде нема замрзнување на цените- и Северна Македонија каде тоа се практикува од минатата недела.
Така на пример, сончогледово масло во овој дисконт во Германија чини 1,39 евра. Истото во Македонија ќе го најдете од 89 денари- близу 1,5 евра- па нагоре. Пченичното брашно во Бон можете да го купите за 45 центи, во Македонија за 40 денари или околу 20 евроценти поскапо. Кристален шеќер во Лидл чини 79 центи, во македонските дисконти може да се најде поевтино- за 40 денари. Млекото со 3,5 отсто масленост во Македонија ќе ве чини најмалку 50 денари, во Германија може да се најде за 80 центи. Ако купувате месо, во Македонија ќе минете нешто поевтино- за килограм свинско ќе платите околу 350 денари, додека во Германија 6,99 евра.
Севкупно гледано, цените на производите се слични, со таа разлика што стандардот на граѓаните во Германија е далеку повисок- барем седумпати од македонскиот.

Каде е поевтино? – Во просек, векна бел леб од 750 грама во Германија чини 0,85 евра (51 денар), а француски багет од 250 грама чини 0,60 центи (36 денари). Векна бел леб од 250 грама во Македонија чини 27 денари, а некаде достигнува и 39 денари.

За да ни објасни како е можно, во држави со толку различни стандарди на граѓаните, цените да бидат толку слични, па дури и пониски во побогатата земја, на помош го повикавме уредникот на економската редакција на ДВ, Хенрик Беме. Зошто е храната во Германија толку евтина?

Поради Алди и Лидл. Ние Германците ги измисливме дисконтите“, вели Беме. „Тие имаат огромна пазарна моќ, прават огромни набавки и ги убиваат цените. Производителите кои сакаат да се најдат на нивните рафтови мораат да исполнат екстремни услови за квалитет и квантитет. Оној што не може тоа да го стори, лета надвор. Затоа се толку исполнителни и со цените“, објаснува тој. Втората причина што е толку евтино, признава Беме, е што Германците се многу практични кога е во прашање храната, а многу малку префинети- што повеќе за што помалку. „На пример, во Франција храната има повисока вредност, едноставно Французите имаат поинаков однос кон храната. Затоа таму се навикнати на повисоки цени“.

 

08.12.2021 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега