ДВ: Коалицијата пред распад

Доколку досега несогласувањата и судирите меѓу коалициските партнери успеваа да се задржат зад кулисите, впечаток е дека сега повеќе нема ни волја тие да се буткаат под тепих, оценува коментатор на Дојче веле околу „дебатата“ која се отвори меѓу владините коалициски партнери по Извештајот на Венецијанската комисија.

„Темата за албанскиот јазик на политичката сцена се враќа во (не)погоден момент за обете владејачки партии“, оценува Дојче веле.

„Случувањата во Уставниот суд, веројатно наскоро и во Врховниот, изборот на новите амбасадори (кои патем се закочени само поради едно име на кое се противи ДУИ) само ќе ги засилат антагонизмите.

Нема да биде изненадување ако во следните недели серијата недоразбирања меѓу СДСМ и ДУИ кулминираат во целосен распад на коалицијата.

Впечаток е дека ни едните ни другите нема да бидат многу разочарани од таквиот исход особено што тој ќе им даде одврзани раце во изборната кампања.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2019 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега