Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска од собраниската говорница упати остри критики до опозицијата, обвинувајќи ги дека барањето за минимална плата од 600 евра е само обичен политички маркетинг. Дурмиши останува на цврстиот став дека минималната плата ќе се зголеми следниот месец (март), но исклучиво според законската методологија и економските параметри како продуктивноста и трошоците за живот.

„Нема потреба од маркетинг. Ние не сме против зголемување, но тоа мора да биде одржливо“, порача Дурмиши во одговор на пратеничката Тренчевска. Тој најави и добри вести за јавниот сектор – околу 20.000 работници ќе добијат покачување, со што Владата ја потврдува грижата за животниот стандард на граѓаните.

Exit mobile version