Министерството за економија и труд следната недела ќе спроведе детална анализа на цените на производите за да утврди дали трговците неоправдано ги поскапеле производите искористувајќи ја празничната еуфорија.

Министерот Бесар Дурмиши најави дека под лупа ќе бидат ставени цените од крајот на декември и почетокот на јануари. „Идната недела ќе ги анализираме податоците и ќе бидете известени дали има девијантно однесување од трговците или зголемување на цените. Ќе бидете известени како ќе постапиме“, изјави Дурмиши.

Целта е да се заштитат потрошувачите од вештачко пумпање на цените во период кога потрошувачката е најголема. Доколку се утврдат неправилности, Министерството најавува соодветни мерки.

Exit mobile version