Дурловски: Со вчерашното невреме не беа оштетени објектите што СДСМ ветуваше дека ќе ги изгради

 

Синоќешното невреме и штетите од него во текот на целиот ден беше причина за преписки меѓу власта и опозицијата. Но, за штетите кои беа причинети од невремето се огласи и оперскиот пејач, Игор Дурловски.

  -Мора да признаеме дека со вчерашното невреме не беа оштетени објектите што СДС ветуваше дека ќе ги изгради, напиша Дурловски на Фејсбук.

 Претходно, скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави дека ќе го „реши“ проектот Скопје 2014.

-Скопје 2014 мора да се реши. Сега и веднаш. Најбрутално. На истиот начин на којшто го силуваа нашиот град. Почнуваме после изборите, напиша Шилегов на Фејсбук.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје побара од Шилегов, наместо да биде градски матичар на фасади и кровови, да биде градски татко кој ќе почне да работи.

 -Петре Шилегов наместо да води евиденција кој кров во чие време е изграден, нека засука ракавите и нека го среди хаосот во кој ги остави скопјани дваесетина часа по невремето, се вели во реакцијата.

 

 

27.02.2020 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа