Дурловски: Ќе се избориме за името, за слободата и правдата

Прво го игнорираа нашиот глас, потоа не исмеваа, навредуваа, набедуваа, се бореа против нас и не затвараа , пробуваа да не избришат, и до ден денес уште не замајуваат со театрални вести и секојдневни катастрофи, потценувајќи не’.
Заслепени од сјајот на моќта, глуви од фалбите кои сами за себе ги кажуваат, водени од личните интереси и ситните страсти, не можат да видат дека овде врие, пишува Игор Дурловски на својот Фејсбук профил.
„Не можат да го чујат крикот на будните и освестените, бидејќи се оддалечија од нив како острови.
Основно право на македонскиот народ е да одлучува за својот живот а јас верувам во неговата мудрост.
Бидејќи сум свесен дека нема да биде лесно, знам дека е потребно да се фокусираме, а се додека во нашата агенда работите се поставени по логичниот редослед, по вистинското значење, се додека лојалноста кон Македонија ни е на прво место, убеден сум дека името, слободата на праведните и патриотите, правдата за обесправените, подобар ЖИВОТ за потиснатите и измачени граѓани, економската преродба и борбата за унапредување во секое поле се прашања за кои ќе се бориме и ќе се избориме!“, напиша Дурловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега