Дупла среќа или софтверска грешка: Девет исти имиња за два месеци добиле награда во наградната игра „Мој ДДВ-моја награда“

Министерството за финансии, УЈП и Државната лотарија упорно ги убедуваат граѓаните да скенираат фискални сметки и да учествуваат во наградната игра „Мој ДДВ-моја награда“.Сепак се поставува прашањето дали се е чисто и чесно во оваа наградна игра?

КОД ги истражуваше добитниците  и дојде до интересни податоци.

– За само два месеци, девет исти имиња со девет исти кориснички броеви добиле дневна награда од по 1000, 2000 или 3000 денари. Еден жител на Зелениково, пак, добил месечна награда од 100.000 денари и по неколку денови уште една дневна награда од 1000 денари. Институциите без конкретен одговор која е веројатноста од милионите учесници, за само два месеци, деветмина да се двојни добитници – анализира емисијата КОД.

КОД, по своето детално истражување на добитниците кои се објавуваат секој ден, го поставува прашањето: Дупла среќа или софтверска грешка?

На 17-ти декември добитна била фискалната сметка на Веле од Струмица, кој тој ден добил 3000 денари. КОД во своето истражување открива дека ова не е единствен пат истото лице да добие пари од „Мој ДДВ-моја награда“. Веле добил награда и на 30-ти јануари годинава.

– Милиони сметки и нешто помалку даночни обврзници секојдневно учествуваат во играта. И покрај тоа што шансите се минимални, сепак може да му се посреќило на истиот човек два пати да добие. Но, како пребарувавме така бројот на двојните добитници растеше. КОД успеа да дојде до 9 имиња кои се повторуваат – истакнуваат од КОД каде се објавени и имињата на двојните добитници.

Лицето Амел Лековиќ од скопско Зелениково, истражува КОД, е еден од добитниците на награда од 100.000 денари.

– Наградата од 100.000 денари ја доби за ниска сметка, а неговата приказна објавена од лотарија открива дека е дојдена во вистински раце. На 20-ти јануари повторно му се насмеала среќата. Во дневните награди негова фискална е наградена со 1000 денари – објави КОД.

Екипата на оваа емисија ги контактирала надлежните од каде добила одговор дека еден учесник, со еден број во текот на еден ден може да добие една дневна награда. Но, правилата не забрануваат следните денови тој да биде добитник и на друга награда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега