Македонската манекенка Дунавка Трифуновска, се огласи на Фејсбук, за да се прости од Владо Јаневски.

-Си замина отако ми ги оствари сите желби, ме однесе секаде со тебе каде што ќе посакав, ми купи се што сакав, спиев до тебе кога јас сакам и ми ги откри тие тајни што ти ги сакаше.

Знаев дека без тебе Скопје повторно ќе биде главен град на тагата.

Исто како во нашиот спот за Скопје.

Чаршија нема лик, а усти илјада…така ти напиша.

Дунавка, ние успеавме бидејќи не се откажавме и кога беше најтешко, напиша Дунавка.

Инаку, Дунавка ја има главната улога во спот на Владо за песната „Главен град на тагата“.

Македонската музичка сцена вчера изгуби едно од своите најголеми и најпрепознатливи имиња. По кратко боледување, на 66-годишна возраст почина познатиот музичар и пејач кој себе остави богата музичка кариера со безброј хитови кои ја одбележаа македонската поп-музика во изминатите неколку децении.

Тој важеше за еден од најдобрите кантавтори и вокалисти на овие простори, чии рефрени се пеат од многу генерации.

Exit mobile version