Дуковски: Денешните докази во „Рекет“ ништо не вредат

Не требаше воопшто денеска судот за случајот „Рекет“ да ја исклучи јавноста. Требаше баш јавноста да ги види денешните докази. Денешниот доказ има нула вредност, изјави по денешното рочиште Сашо Дуковски адвокат на првообвинетиот Бојан Јовановски.

– Најбитно е што нема никакво нарушување на приватноста во денешната снимка. Немаше никаква потреба јавноста да биде исклучена. Јовановски е седум месеци во притвор и имало денес мал инцидент, но се е културно решено. Морам да кажам дека затворската управа секогаш била кон Јовановски многу професионална – рече Дуковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега