Дука: Коронавирусот се уште е присутен во Дебар, останете дома

 Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, на денешната прес-конференција побара од граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат препораките и мерките со цел да се спречи проширувањето на коронаврусот.

-Три дена немавме позитивен на Ковид-19 од нашата општина. Денеска потврдени се два нови сличаја. Тоа значи дека опасниот вирус се уште е во Дебар, што пак предупредува дека мерките и препораките и понатаму треба строго да се почитуваат. Останете дома, тоа е најефикасната мерка за справувањето со овој опасен вирус. Излегувајте само за неопходна потреба, а тогаш одржувајте ја социјалната дистанца, порача Дука, кој воедно раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

Според него, вчера и денеска се тестирани 22 лица за кои се очекуваат резултатите, додека во домашна излолација се 131 лице.

-Безбедносната состојба е добра, граѓаните ги почитуваат владините мерки и полцискиот час и нема никакви прекршувања во овој поглед. Во Дебар се уште има странски државјани и тоа од САД и од Канада кои се затекнати по прогласувањето на кризната состојба, на 13 март. Во постојан контакт сме со амбасадите на споменатите земји и се надеваме дека проблемот ќе биде надминат, наведе Дука.

Информираше дека продолжува да пристигнува хуманитарна помош,која сега се распределува според списокот утврден од страна на хуманитарните организации и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Оперативнот штаб.

Со новозаразените во Дебар вкупниот број заболени се зголеми на 49 (двајца од Центар Жупа), од нив четворица се починати, тројца мажи и една жена. Почината жена е од селото Баланци општина Центар Жупа, која со сопругот беа првозаразени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега