Дујовски за МИА: Вонредна состојба првенствено за да му се помогне на здравствениот систем

 

Првенствената цел на воведувањето на вонредната состојба е да му се помогне на здравствениот систем, побрзо и на поедноставен начин да се донесуваат одлуките поврзани со заштита на здравјето на граѓаните во услови на пандемија на Ковид-19, а полицискиот час е мерка што во овој кризен период може многу да придонесе да се почитуваат одлуките на Владата за заштита на животот и здравјето на граѓаните.

Ова во интервју за МИА го посочи деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски, кој истакна дека веднаш по воведувањето на вонредната состојба, можеше лесно да се увиди дека препораките не се почитуваат, некаде дури и со сериозни прекршувања.

Сепак, нагласува Дујовски, бидејќи станува збор за особено чувствително ограничување на слободното движење на граѓаните, потребно е малку повеќе да се елаборира полицискиот час, онака како што е воведен во Македонија и причината поради која се воведува.

Тој потенцира дека иако се нарекува полициски час, тоа не значи дека МВР и полицијата имаат доминантна улога во државата ниту, пак, дека полициските структури раководат со тековите во општеството. Напротив, со воведувањето на полицискиот час се ставаат во функција капацитетите на повеќе државни органи, а заради заштита на здравјето на граѓаните.

Дујовски во интервјуто за МИА вели дека охрабрува податокот дека барем во првото деноноќие од воведувањето на построгите мерки за малолетниците и за повозрасните лица не се забележани непочитувања од нивна страна, но загрижува податокот дека и по неколку дена голем број граѓани не го почитуваат полицискиот час од 21 до 5.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега