ДУИ: Се ангажираме за фер и демократски избори според меѓународните стандарди

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) денес го потпиша Кодексот за фер и демократски избори во ДИК, врз основа на член 8в од Изборниот кодекс .
Претставничката на ДУИ, истовремено и кандидат за пратеник Шермин Мамут изјави дека во овие избори треба да се однесуваме како членка на меѓународните организации НАТО и ЕУ.
-Со овој потпис даваме јасна порака и за политичките учесници и  за гласачите дека изборната кампања треба да биде фер и демократска како што и прилегува на една земја полноправна членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ -истакна Шермин Мамут.
ДУИ како и досега ќе се ангажира за конструктивна и инспиративна кампања презентирајќи ги проектите кои ќе ги реализира за да ги заслужи довербата и гласот на граѓаните.
На новинарското прашање дали ДУИ ќе реализира кампања Врата на врата, кандидатката Мамут објасни дека во текот на кампањата на прво место ќе биде ставено здравјето на граѓаните во оваа време на пандемија.
-Ќе реализираме позитивна, фер и демократска кампања но секако со приоритет на заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Ковид 19 - кажа Мамут.

 

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа