ДУИ го поздравува претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ

„Демократска Унија за Интеграција го поздравува претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ – најголемата светска регионална безбедносна организација. ДУИ оценува дека ова е голем успех во планот на нашата земка во меѓународната арена“ соопштуваат од владејачката партија.

Оттаму порачуваат „под слоганот „За луѓето се работи“ фокусот на претседавање ќе биде ставен врз хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност. 2023 година ќе биде важна година за меѓународната позиција на Република Северна Македонија. Зајакнатото меѓународно профилирање значи долгорочен влог во економски развој, нови можности за младите и стабилност“.

„Северна Македонија досега многу пати го покажала својот капацитет, дека преку политички дијалог, демократски средства и демократско владеење ги остварува своите цели како на домашен, така и на меѓународен план“ се вели во партиското соопштение.

02.01.2023 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега