ДУИ: Државна поддршка од 20.000 евра за сите млади за купување стан или куќа

Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денеска посети млади семејства, со кои разговараше за проблемите со кои тие се соочуваат.

-Нашите заложби во овој поглед се многу сериозни. Ние мора да ги насочиме нашите идеи во однос на плановите за поддршка на младите луѓе, во насока на поддршката за младите парови до 35-годишна возраст, кои имаат посериозни потреби и предизвици. Поточно, мора да ја насочиме нашата поддршка кон паровите кои сè уште не го решиле станбениот проблемот – да им се понуди помош во вод на кредит без камата до 20.000 евра, истакна Зибери, за време на разговорот со еден млад пар.

Меѓу другото, Зибери додаде дека во неговите планови е дополнително да ја развие и мрежата за предучилишно образование, градинки за деца, затоа што е констатиран недостаток во овој сегмент.

-Секој не може да го испрати своето дете во системот на предучилишно образование, особено во градинките, додаде Зибери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега