Приливот на странски директни инвестиции во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година достигна 1,381 милијарди евра, соопштија од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ).
Според податоците на институцијата, ова претставува зголемување од 86 проценти во споредба со анализираниот период од јуни 2017 до мај 2019 година.
Евидентиран е и раст кај странските директни инвестиции по глава на жител, кои се зголемиле од 405 на 752 евра.
„Овие податоци се показател за растечкиот интерес за инвестирање и за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) како владина институција продолжува активно да работи на унапредување на инвестициската клима, привлекување нови квалитетни инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој. Повеќе квалитетни инвестиции = Повеќе можности = Поголем економски развој!“, истакнуваат од ДТИРЗ.


