Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави дека ќе спроведува засилени инспекциски надзори во угостителските објекти, во пресрет на празниците и очекуваниот зголемен број прослави.

Примарна цел на оваа акција е да се спречат нерегуларности во работењето и да се обезбеди максимална заштита на гостите кои ќе ги посетуваат објектите.

Од Инспекторатот апелираат до угостителите да постапуваат совесно и да ги почитуваат законските одредби. Посебен акцент се става на регулативите кои се однесуваат на:

  • Дозволен број на гости
  • Работното време
  • Законот за заштита од пушење
  • Сите други законски одредби кои го регулираат угостителското работење.

ДПИ предупредува дека соодветно ќе реагира за непочитување на законските обврски и најавува дека ќе преземе мерки и санкции согласно законите.

Граѓаните се повикуваат секоја неправилност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на телефонскиот број 191 или преку веб-страницата www.dpi.gov.mk.

Exit mobile version