Државниот обвинител Јовевски го презема СЈО?

Државниот обвинител Љубомир Јовески не ја коментира собраниската постапка која ќе му овозможи да го преземе СЈО.

-„Има Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за јавнообвинителска служба во кој се предвидуваат решенија во врска со прашањето во делот на платите на јавнообвинителските службеници. Тоа ќе се разгледува и ќе се создадат услови некој да одлучува во врска со тоа, сега навистина би било прејудицирање по тоа прашање“, вели Јовески, јавува Сител.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ова е обид на власта да го прикрие неодговорното трошење и за тоа да нема кривична одговорност.

„Власта и ЈО се уште ги нема суспендирано обвинителите и полициските службеници кои земале илјадници евра од сметката на СЈО. И покрај излегувањата на аферата „Кеш“, во јавноста власта не презема чекори за милионската афера. Наместо одговорност, во Собранието, Владата пушта предлог закон со кој што СЈО преоѓа кај мочаливиот републички јавен обвинител, Љубомир Јовески“, вели Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега