Државниот инспекторат за животна средина во 2025 година направил 1373 контроли на територијата на Македонија, од кои 200 биле направени во регионот на Скопје.
Најголемиот дел или 1263 се редовни инспекциски контроли, а 110 биле ненајавени. Според податоците на Државниот инспекторат за животна средина, кои се јавно достапни, Во ТИТАН Усје биле направени 5 контроли од страна на Инспекторатот, од кој 2 редовни и 3 вонредни инспекциски контроли. При овие контроли во ТИТАН Усје не биле констатирани никакви неправилности. Неделни извештаи – Државен инспекторат за животна средина, Шест месечни извештаи – Државен инспекторат за животна средина.
Во 2024 година Инспекторатот направил 1535 инспекциски контроли во земјата, а во Скопје 276.
Според годишниот извештај за 2024 година на Државниот инспекторат за животната средина, најголем број инспекциски контроли биле направени во Полошкиот регион каде се извршени 287 надзори, веднаш зад него се Скопскиот со 276 и Вардарскиот со 269 инспекциски надзори.
По број на констатирани неправилности предничи Вардарскиот регион со вкупно 90 откриени неправилности во 2024 година, а по него Југоисточниот со 55 и Полошкиот со 46. Во Скопскиот регион се констатирани 36 неправилности од страна на Инспекторатот, од кои најголем број, по 7, се констатирани во општините Бутел, Студеничани и Чучер Сандево. Според информациите на Министерството за животна средина и просторно планирање во Скопје и околината активно работат околу четириесетина фабрики со А интегрирана дозвола.

