Државата ја одзема концесијата за Охридско езеро

Државата му ја одзеде концесијата за Охридското езеро на Милорад Чаковски, управител на фирмата „Летница-Белвица“, дознава А1он“.

За причините на ваквата одлука, во текот на денот ќе се произнесе министерот Трајан Димовски, образложиле од министерството.

Досега беа забележани низа на скандали.

Од „а1он“ објавија дека концесионерот бил избран во нелегална постапка, со нецелосна документација и дека Чавкоски иако е нов концесионер, е стар газда на езерото. Пред да биде избран за концесионер, Милорад Чавкоски беше управител во „Пастрмка – 2013 Струга“ подружница на „Пастрмка 2012“, компанија на која претходно ѝ беше одземена концесијата поради непорибување и неплатени обврски кон државата.

 За недоследностите во постапката за доделување на концесијата имаше и жалби, но Државната комисија за јавни набавки, ги одби сите и твдеше дека се е во ред. И Чавкоски во сите изјави тврдеше дека нема ништо спорно околу добивањето на концесијата, а подоцна и во работењето на „Летница-Белвица“.

Наспроти неговите тврдења, рибари од Охрид кои работеле за старо-новиот Чавкоски, за „А1он“ сведочеа дека и со одземена концесија фирмата „Пастрмка 2012“ лани ловела риби, по мрестот рибите не ги враќале во езерото туку завршувале во ресторан на еден од концесионерите, а на рибарите им биле исплаќани по едвај 3.000 денари месечно.

Последниот скандал со концесионерот беше во ноември, кога МВР фати двајца рибари, вработени кај концесионерот Чавкоски, како крадат охридски крап со мрежа во зона забранета за стопански риболов, на само неколку чекори од Езерската полиција. Како решение за овој скандал, Чавкоски рече дека размислува да ги отпушти рибарите и нагласуваше дека не ги терал да крадат риба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега