Дрвокрадци нападнале полицајци – петмина повредени, двајца потешко

Петмина повредени полицајци, двајца потешко, тројца полесно од агресивни дрвокрадци од Прилепско, јавува „Ти реков ми рече“.

Вечерва во околината на село Степанци, се случил инцидент, откако дрвокрадци нападнале полицајци. Првичните информации се дека две лица се потешко повредени а едниот од нив, поради тежината на повредата е  итно пренесен на Ургентен во Скопје.  Инцидентот се случил околу 19,45 ч. кога полициска екипа од Чашка, отишла  на интервенција, откако биле запленети двае возила со дрва, кои не биле легално исечени.  Први на местото на настанот биле екипи на Итната помош.

Кај едниот пациент има повреда на глава а кај вториот рана на стомакот. Дадена е прва помош и веднаш се префрлени на Хируршкото одделение од Велешка Болница - информираше д-р Васе Пановска, портпарол на Итната помош.  

Како итни случи донесени се пет лица, две се со потешки повреди. Едниот пациент поради повреди на черепот е префрлен на Ургентен во Скопја а вториот е со рана на стомакот и е во шок соба, засега останува во Болница. Трите остани лица се со полесни повреди - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Со години назад дрвокрадци ја пустошат шумата околу село Степанци, на стариот пат од Велес за Прилеп, преку планината Мукос.  Освен што ја пустошат, шумските полицајци  во претходните  случаи  сведочеа дека  дрвокрадците, кои без исклучок се од прилепско, се и агресивни, се закануваат со пиштоли, со секири и ладно оружје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега