Другарки од Бразил направиле селфи, па паднале од 30 метри висина - не знаеле дека тоа ќе им биде последна фотографија

Деветнаесетгодишната Моника Медеирос и 18-годишната Бруна Веласкез трагично загинале правејќи обиколка околу водопадот Салто Кавеирес во Бразил.

Неразделните другарки тргнале во авантура и се фотографирале на самиот врв на водопадот. Се испоставило дека тоа била нивната последна фотографија.

Падот од 30 метри бил кобен за двете, со тоа што Бруна загинала на лице место, додека Моника им подлегнала на повредите во болница.

Девојчињата се погребани во родното место, а нивните пријатели споделуваат емотивни пораки за нив на социјалните мрежи.

Како што информираат локалните медиуми, водопадот Салто Кавеирес Лажес бил забранет за посетители, меѓутоа, тоа не пречувало многубројни љубители на природата да го посетуваат и да се фотографираат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега