Руската противвоздушна одбрана синоќа уништила беспилотни летала кои се приближувале кон Москва, потврди градоначалникот Сергеј Собијанин.
„ПВО-силите на Министерството за одбрана уништија дрон кој летал кон Москва. Службите за итни ситуации се на лице место“, напиша Собијанин на Телеграм, пренесува РБК Русија.
Набрзо потоа, тој објави дека е соборен и втор дрон кој, како што наведе, ја нападнал Москва. Детали за причинета штета или евентуални жртви засега не се соопштени.

