Дрога пронајдена кај малолетничка од Скопје.
На 09/10.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиja од слобода Е.А.(30) од Куманово и 17-годишна малолетничка од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, како и С.Р.(37) од Виница, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека се предмет на сторено кривично дело кражба, информираа од МВР.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.


