Дриан: Франција, во случај на договор, ќе организира меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна Македонија, Бујар Османи, нагласувајќи дека „Франција е решена, во случај на договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА.

Министерот за Европа и надворешни работи Дриан, како што се вели во соопштенито на Кеј Д’Орсеј, на 11 мај разговараше со неговиот македонски колега Османи, на маргините на министерскиот состанок на глобалната коалиција против ДАЕШ во Маракеш, за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија и ситуацијата во Украина по војната што ја започна Русија на 24 февруари.

-Францускиот министер, ја подвлече целосната поддршка на Франција за постигнување балансиран и взаемно прифатлив компромис меѓу Бугарија и Северна Македонија, се вели во соопштението. Тој потсети дека Франција е решена, во случај на договор, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската унија и Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија.

Министерот Дриан, ја повтори француската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и ја спомена организацијата следниот јуни, во рамките на француското претседателство со Советот на ЕУ, на конференција меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, која треба да придонесе за тоа.

13.05.2022 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа