Драстично ослабела, па сопругот ја оставил - погледнете како изгледа сега

 

Триесет и осум годишната Ангела Крикмор, од Нотингем во Велика Британија драстично го променила својот изглед со намалувањ на 30 килограми од нејзината тежина, што ја довело до развод. После сето тоа следувал пресврт во нејзиниот живот и станала фитнес тренер, а благодарение на нејзината нова кариера пронашла нова љубов и наскоро ќе се врати пред олтарот.

Angelom-Crickmore (3)

Во најдебелата фаза Анџела имала 90 килограми, но вели дека нејзиниот сопруг никогаш не се пожалил на нејзината тежина, бидејќи мислел дека е прекрасна. Но покрај тоа, притисокот на семејството и пријателите кои ја изгубиле тежината ѝ дале поттик да работи на нејзиниот изглед. Поранешниот агент за недвижнини, која килограмите ги накачила водејќи брз живот и јадејќи брза храна, започнала да тренира и да внимава на исхраната. Таа дури и престанала да готви за нејзиниот сопруг и син затоа што нејзината нова здрава исхрана не се вклопува во нивните навики.

Angelom-Crickmore (2)

Идниот сопруг, Марк Роџерс, 51, продавач на автомобили, контактирал со неа на Инстаграм и ја прашал дали може да биде негов личен тренер, додека е на десетдневната деловна посета во Тенерифе.

Angelom-Crickmore (4)

– Обично не одговарам на пораките кои ги добивам, така што ова навистина беше судено. Не планирав да имам врска со Марк, се запознавме, зборувавме за нашите животи, а потоа одеднаш тоа се случи, исто како некоја магија – изјавила таа.

– Марк сега јаде истото како и јас, и за среќа, тој сака сè. Тој никогаш порано не појадуваше, а сега тој никогаш не го прескокнува, рече таа.

 

 

 

 

21.01.2018 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа