Драстична промена на времето од среда

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен локален дожд. Пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег се очекуваат во среда. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2021 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега