Драматично: Русин преживеа скок од 10 кат

Тинејџер од рускиот град Чита, на истокот од Сибир, преживеал обид за самоубиство, откако скокнал од 10 кат од стамбената зграда и се здобил со тешки повреди. Според соопштението на полицијата, 15 годишното момче се обидело да изврши самоубиство затоа што родителите неодамна му забраниле да гледа видео снимки на интернет. Тинејџерот како што е објавено скокнал од прозорот од станот на улицата Красноармејскаја. Паднал на дрво и се заглавил меѓу гранките. Веднаш бил префрлен во болница, на одделението за интезивна нега, затоа што добил тешки повреди при падот. 

најчитано сега