Драматично предупредување на научниците: Пожарите во Австралија ќе станат нормална појава

Британските научници соопштија денес дека пожарите во Австралија се само почетокот на тоа што светот ќе го доживее со порастот на температурите.

Професорот Ричард Бетс од центарот „Мет офис Хедли“ смета дека тоа е само дел од многуте последици по светот кои во иднина ќе се случуваат поради растот на температурите за три степени Целзиусови, пренесува британски „БиБиСи“.

Во анализата на влијанието на климатските промени, научниците заклучија дека ризиците од пожарите постојат во целиот свет и дека постои врска помеѓу климатските промени и зачестената појава на пожари ширум светот.

„Тоа може да се забележи во многу региони, вклучувајќи ги САД, Канада, јужна Европа, Скандинавија и Амазонија. Загревањето предизвикано од човечки фактор го зголемува ризикот од пожари и во други региони како што се Сибир и Австралија“, изјави Метју Џонс од Универзитетот во Источна Англија.

Во студијата е наведено дека влијанието на бројни фактори на климатските промени само придонесува ситуацијата да се влоши и мора итно да се преземат мерки за стабилизирање на климата, како и намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата.

„Доколку не го сториме тоа, ќе имаме се полоши влијанија, па ова што се случува во Австралија ќе стане нормално“, стои во студијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2020 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега