Драматичен скок на новозаразени во една земја: „Очигледно започна новиот бран на коронавирусот"

Во Австрија, во последните 24 часа, дошло до драматичен раст на бројот на новозаразени,и тоа на 869.

Последен пат повеќе од 800 новозаразени биле регистрирани во пикот на пандемијата на 27-ми март кога биле имало 830 новозаболени.  

Поголем број од актуелно забележаниот досега имало само еднаш, и тоа на 26-ти март со 1.065 новозаразени.

Според актуелните податоци, на основа на постојано растечкиот тренд, Австрија очигледно влегла во вториот бран на инфекцијата.

Од тој број, дури 444 отпаѓа на Виена, а 135 на Долна Австрија. Во Горна Австрија има 78 заразени, во Штаерска и Тирол по 57, Форарлберг 28, Салцбург 25, Бургенланд 9 и 6 во Корушка.

Моментално во Австрија има 5.363 активно заболени, од кои 204 се хоспитализирани, и 41 се наоѓаат на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата, крајот на февруари, во Австрија 32.633 лица биле позитивно тестирани на коронавирус, од кои 26.579 биле излечени.

Бројот на починати достигнал 750.

Од понеделникот, на основа на одлука на владата, во Австрија стапуваат на сила нови мерки, кои предвидуваат носење на маска во сите затворени простории и намалување на максималниот број на гости на манифестации на затворено и отворено.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега