29-годишна жена од светиниколско село пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер ѝ се заканувал во домот на нејзините родители.

Според информациите од полицијата, настанот бил пријавен на 13 октомври во 19:20 часот во ОВР Свети Николе. Станува збор за 40-годишен маж од струмичко.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Exit mobile version