Ноќеска во 01:15 часот во с.Раштани, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода И.М.(75) од Раштани, постапувајќи по претходна пријава од В.М.(42) од Раштани дека физички го нападнал при што употребил и остар предмет.

И.М. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version