Драма во Велес: По расправија посегнал по пиштолот

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против 74-годишниот А.Р.  од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “насилство“ и “недозволена изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 07.07.2018 година во Велес, по претходно настаната вербална расправија, пријавениот под дејство на алкохол, вперил пиштол „Застава“ калибар 7,62 мм, кој со дозвола го поседувал неговиот зет, кон Г.М. упатувајќи му при тоа, закани по животот.

 

 

 

22.10.2018 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега