Вчера во 09:10 часот кај индустриската зона Раброво, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица.
Тој се сомничи дека околу 08:00 часот се обидел да изврши разбојничка кражба во куќа во село Раброво, но откако бил забележан од сопственикот, побегнал.
А.Х. е запрен при управување патничко возило „шкода“ со неготински регистарски ознаки, кое претходно било пријавено за одземено во Неготино.
Возилото ќе биде вратено на сопственикот, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случаите против А.Х. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица – Радовиш: Тракторист се здоби со тешки повреди
- Падна пресуда: 45 дена затвор за скопјанката која со „мерцедес“ прегази куче во Црна Гора
- Филипче од неготинско: Вранецот скапува на лозјата, а белото грозје се откупува по понижувачка цена од 14 денари
- Штипјанец избодел човек – кривично ќе се гони
- Малолетник со тврд предмет удрил друг малолетник во училишен двор од основно училиште во Скопје
- Инцидент во училиште во Бутел: Жена физички нападнала вработена во ходник
- „Почувствував удар во рамото“: Жена ранета од заталкано зрно во Драчево додека била во својот двор
- Тешка сообраќајна несреќа кај Струмица: Загина возач на мопед по судир со автомобил



