Драма во Трепча; 100 рудари заробени 700 метри под земја

Во рудникот Трепча во близина на Косовска Митровица во тек е акција за спасување на стотина рудари .

Стотина рудари останаа заробени на 700 метри под земјата , кога во ррудникот настана голема хаварија. Се претпоставува дека главниот проблем е трафостаницата во склопот на Трепча  , во која избувнал пожар. Наводно , дошло и до експлозија на трансформаторот.

Според медиумите , кои се повикуваат на извори од рудникот , стотина рудари се зариобени на седмото , осмото и деветтото ниво.

Според неофицијални податоци нешто по 15 часот дел од рударите биле извлечени . За среќа , рудникот има природна вентилација , така што рударите не се во животна опасност. До сега 26 рудари се извлечени, јавуваат дел од медиумите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2019 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега