Драма во Тетово: Ја фатил сестра му со момчето во автомобил, па извадил пиштол

 Во полициска станица за расчистување на инцидент во кое било користено и оружје вчера завршил 37 годишник од тетовски Требош.  Тој во текот на вчерашниот ден извадил пиштол и го вперил кон жител на Тетово кој бил во врска со неговата сестра.

– Околу 18 часот и 10 минути, на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Г.С.(37) од тетовски Требош. Десетина минути пред тоа од тетовецот П.М.(25) бил пријавен дека од возило„мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, во кое Г.С. се превезувал со неговата сестра и со која бил во љубовна врска, извадил и му вперил пиштол, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата сега презема мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега