Драма во Тетово: Го тепале и киднапирале поради нерасчистени долгови

Вчера во 15:40 часот во СВР Тетово, 39-годишниот Х.А. од село Градец, гостиварско, пријавил дека на автобуската станица во Тетово физички бил нападнат од 32-годишниот Б.Н. од село Добридол, гостиварско, а потоа противправно бил лишен од слобода во работилница на Б.Н., каде бил и 36-годишниот М.Н., информира МВР.

Според пријавеното, причина за физичкиот напад биле нерасчистени должничко-доверителски односи. Подоцна, Б.Н. сам се пријавил во полициска станица, а М.Н. бил приведен. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега