Драма во Струмица: Непознат маж и се доближил и почнал да ја допира- при апсење, нападнал полицаец па побегнал

Во текот на вчерашниот ден во Струмица било пријавено дека млада девојка била сескуално малтретирана.

Вчера во 21.10 часот во Полициската станица Струмица, Д.М.(24) од Струмица пријавила дека околу 18.45 часот во близина на спортската сала „Партизан“ во Струмица и се доближило едно лице и почнало да ја допира по телото, по што побегнало.

Нешто подоцна во 22.45 часот, полициски службеници од Полициска станица Струмица на плоштадот во Струмица го препознале лицето и при обид да го лишат од слобода, тој физички нападнал еден од полициските службеници и побегнал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега