Ноќеска во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа.
По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул.„Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат. Децата се предадени на таткото В.С., информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителката ќе биде поднесена соодветна пријава.


