Драма во соседството - смрзнат човек пронајден во снегот, но помош не може да стигне

Жител на Бродарево, каде патиштата се завеани, случајно во текот на денот во снегот пронашол премрзнат маж на средовечна возраст, меѓутоа помош не успеала да се пробие до него и да го спаси. Како што наведува полицијата, секој момент се очекува спасувачка екипа која ќе се пробие.

Бајко Гојак, жител на Бродарево вели дека несреќниот човек го забележал додека лежи крај патот целосно покриен со снег, дека дава знаци на живот, но не може сам да му помогне, а дека надлежните служби не се во можност да излезат на терен поради завеаните патишта.

-Не знам што да права,, човекот замрзнат лежи во снегот. Повикав итна помош и ми беше кажано дека сите возила се на терен, помош побарав и од Центарот за социјална рабпта и тие велат дека тоа не е нивна надлежност. Медиумите ми се последна надеж за помош - вели Гојак.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега